Крокети од пилешко месо: Неверојатно вкусен и сочен оброк готов за 15 минути!

Мора да ги пробате

Ако немате идеја што да приготвите за утрешниот ручек, испробајте го овој рецепт

Состојки:
  • 500 г пилешко бело месо
  • 2 јајца
  • 4 лажици кисела павлака
  • 1 лажица масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче кари
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица густин
  • прстофат сода бикарбона
Приготвување:

Исечкајте го месото на ситни коцки. Изматете 2 јајца, додајте кисела павлака, масло, брашно, густин, сол, кари, мелен бибер и сода бикарбона. Добро изматете го сето тоа и додајте го во сечканото месо, измешајте и оставете го да отстои 1 час на ладно место.

Загрејте масло, па со лажица вадете од смесата и спуштајте го на масло. Пржете ги крокетите од едната и од другата страна.

Како прилог можете да послужите пекарски компир или помфрит.

Добар апетит!

Пилешко месо полнето со моцарела
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.