Кремаст омлет со спанаќ и пармезан: Комбинација што секогаш освојува!

Миризлив и вкусен оброк

Брз омлет на кој нема да можете да му одолеете

Состојки:
  • 200 грама спанаќ
  • 2 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици изрендан пармезан
  • сол
  • бибер

Приготвување:
  • Измијте го и исечкајте го спанаќот, исчистете го, па ситно исечкајте го лукот.
  • Изматете ги јајцата со лажица млеко и посолете ги малку.
  • Загрејте тавче, додајте го исечканиот спанаќ и лук, па посолете ги малку.
  • Оставете ги кратко да се динстаат додека не свенат листовите на спанаќот.
  • Извадете го спанаќот, па налејте лажица масло.
  • Кога ќе се загрее, додајте ги изматените јајца.
  • Потоа, на површината распоредете го приготвениот спанаќ, а на крај и ренданиот пармезан.
  • Намалете го оганот и оставете го да се пржи кратко. Омлетот е готов кога ќе почне да се одвојува од тавчето.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.