Кој сос оди со кои тестенини: Вака секогаш ќе ви бидат совршени!

Совети од италијански експерт

Традиционалниот сос болоњезе секогаш е победник во комбинација со шпагети

Во италијанската кујна постојат стотици убаво изработени облици на тестенини, а за да создадете врвно јадење, треба да знаете кои видови тестенини најдобро одат со кои сосови.

Италијанскиот експерт за храна Џуидо Педрели го дал своето стручно мислење за најдобрите комбинации на сосови и тестенини кои можете да ги пробате дома.

1. Шпагети

Најдобро одат со: сос од домати, болоњезе или без сос

Шпагетите се меѓународно јадење што сите го сакаат. Најдобро е да ги послужите со лесен сос од домати или без никаков сос – само со малку рендано сирење и бибер.

Традиционалниот сос болоњезе секогаш е победник во комбинација со шпагети, бидејќи богатиот сос од домати добро се вклопува, па се добива раскошен вкус.

Ако се прашувате колку сос да додадете во тестенините, важно е тие да се натопат во сос, но не премногу, а ни премалку.

2. Пене

Најдобро одат со погусти, потешки сосови со парчиња месо или нешто слично.

Тестенините пене ригате имаат ребреста површина, додека пене лише имаат мазна површина, но и покрај разликата во текстурата, би требало да се одлучите за погусти базни сосови со многу состојки, за да се залепат за тестенините.

Пене тестенините исто така одлично одат со сос болоњезе, а можете да ги јадете и со сосови од месо или од сирење.

3. Фарфале

Најдобро одат со лесни сосови со кремаста подлога и свеж зеленчук. Овој вид тестенини е супер за благи сосови, што значи дека можете да им додадете павлака за готвење со зачини или со сезонски зеленчук и маслиново масло.

4. Талјатели

Најдобро одат со вкусен сос со месо, односно на овој вид тестенини му одговараат богати и тешки сосови. Сосови со парчиња месо, болоњезе, па дури и сосови со кремаста подлога, но со некој додаток, совршено одат со овие широки резанки. Овие тестенини совршено ќе се вклопат и со песто.

5. Фусили

Најдобро одат со сос песто. Најдобри се кога ќе се искомбинираат со малку потешки сосови кои се „заробуваат“ во ваквите тестенини, како што е сосот од домати со додаток зеленчук, па дури и со сос болоњезе.

Тестенини со спанаќ и грашок: Совршен оброк готов за 10 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.