Ќофтиња во сос од домати: Повкусни сигурно не сте пробале!

Совршен вкус!

Ќофтињата приготвени на овој начин ќе ве вратат во детството, а сигурни сме дека ќе ви станат омилен рецепт

Состојки:

За ќофтињата

  • 500 грама мелено месо
  • 75 грама ориз
  • 1 кромид
  • 2 јајца
  • 2 лажици лебни трошки
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка слатка мелена пиперка
  • 50 милилитри вода
  • сол
  • бибер
  • малку ситно сечкан свеж магдонос
  • 2 лажици маслиново масло

За сосот

  • 500 милилитри пасирани домати
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1,5 литри вода
  • сол
  • бибер

Приготвување:
  • Исечкајте ги ситно кромидот и лукот, па продинстајте ги на маслиново масло, додајте ориз и тостирајте го околу 2 минути додека не добие стаклеста, жолтеникава боја.
  • Тргнете ги од рингла и оставете ги да се изладат.
  • Во сад ставете мелено месо, додајте го тостираниот ориз, лебни трошки, јајца, зачини и вода и сето тоа добро измешајте го со раце.
  • Оставете ја смесата да отстои барем половина час.
  • Од смесата направете мали топчиња и ставете на приготвено тавче.
  • Во поголем сад загрејте масло, па додајте брашно и почекајте малку да пожолти, па додајте пасиран домат и вода и сето тоа добро измешајте го.
  • Додајте шеќер, сол и бибер, па загревајте на средна температура околу 10 минути.
  • Додајте ги и приготвените ќофтиња, па сето тоа заедно пржете го на тивок оган 15-20 минути.
  • Послужете ги ќофтињата со пире од компири.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.