Овој ручек е единствениот вистински избор за ова лето
Грчките ќофтиња се јадење кое се приготвува брзо, се јаде веднаш, а долго останува во сеќавањето.
Состојки:
- 500 г мелено јунешко месо
- 1 среден кромид
- 1 чешне лук
- 1 домат, излупен и изрендан
- 100 г лебни трошки
- 4 лажици (50 г) екстра девствено маслиново масло
- 40 листови нане, ситно сечкани
- 1 лажиче сушено оригано
- сол и свежо мелен црн пипер
- обично брашно, за посипување
- екстра девствено маслиново масло, за пржење
Приготвување:
1. Во поголем сад измешајте мелено месо, исечкан кромид, ситно исечкан лук, рендан домат, лебни трошки, маслиново масло, сечкано нане, оригано, сол и бибер.
2. Добро мешајте додека добро се соединат сите состојки.
3. Покријте го садот и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути за да се соединат вкусовите. Ако немате време, можете да го прескокнете овој чекор и да продолжите понатаму.
4. Од смесата формирајте мали ќофтиња, со големина на орев.
5. Секое ќофте посипете го со малку брашно.
6. Сипете доволно екстра девствено маслиново масло во големо тавче – треба да достигнува отприлика до половина од работ на ќофтињата.
7. Загрејте го маслото на средно висока температура.
8. Пржете ги ќофтињата во серии, превртувајќи ги често, додека заруменат од сите страни и убаво се испржат, 6-8 минути по тура.
9. Префрлете ги на чинија обложена со хартиени салвети за да се впијат вишокот маснотии.
10. Послужете ги ќофтињата топли со ѕаѕики, резанки свеж кромид, домат, топол леб, сечкан магдонос и малку свеж лимонов сок.
Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм