Италијанска кајгана: Идеален избор за вечера!

Совршена вечера

Кајганата на медитерански начин ќе ги освои сите ваши сетила

Состојки:
  • 1 лажица екстра девствено маслиново масло
  • пулпа од домати (по вкус)
  • прстофат кафеав шеќер
  • 4 јајца
  • јогурт
  • 2 чешниња сечкан лук
  • зачини по желба
  • малку магдонос
  • половина главица ситно сечкан кромид
  • сечкана црвена пиперка
  • лути пиперчиња
Приготвување:

Загрејте екстра девствено маслиново масло во тавче за пржење. Измешајте кромид, пиперка и луто пиперче. Динстајте додека омекне зеленчукот. Додајте пулпа од домати и кафеав шеќер и постојано мешајте. Динстајте додека испари течноста.

Користејќи дрвена лажица, направете четири дупки во приготвената смеса и во нив скршете ги јајцата. Поклопете го тавчето и на тивок оган пржете ги јајцата додека бидат приготвени по желба.

Измешајте јогурт со лук и зачини. Посипете магдонос и послужете ја смесата од тавчето заедно со прилог од јогурт и лук, декорирано со лути пиперчиња.

Вечера што топи маснотии: Секоја вечер пред спиење изедете го ова и гледајте како исчезнуваат килограмите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.