Гурмански деликатес: Ролат од пилешко месо

Нискокалорично, а вкусно

Пилешкото месо е идеално за приготвување гурмански деликатеси

Состојки:
  • 1 пиле од 1,5 кг
  • 1 главица црвен кромид
  • 120 г месеста сланина
  • 1 китка магдонос
  • 2 поголеми резанки леб
  • 1 јајце
  • ½ лажиче мелен пипер
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Пилето се сече по средината на градите, а потоа внимателно со помош на нож за филетирање се одвојува месото од коските. Потоа месото се одвојува и од кожата, водејќи сметка за тоа да остане неоштетена.

2. Белото месо се сече на тенки шницли и со нив се прекрива пилешката кожичка. Се нанесува проѕирна фолија и месото нежно се истенчува со толчник.

3. Батаците, одвоени од коските, се сечат на покрупни парчиња и се мелат.

4. На малку масло се пропржува сечканиот црвен кромид, а потоа се додава сечканата сланина, па и таа кратко се пропржува.

5. Резанките од леб се натопуваат со вода, а потоа се цедат од течноста и се ситнат.

6. Мелените батаци се соединуваат со пржената сланина и кромидот, се додаваат и мелениот леб, сечканиот магдонос, јајцето, мелениот пипер и зачини по желба. Добро се мешаат состојките.

7. Преку пилешкото бело месо се распоредува филот од меленото месо, па цврсто се мота во ролат. Сето тоа се витка во фолија и се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 60 минути. Потоа се отстранува фолијата и се продолжува со печењето додека порумени месото.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.