Гулаш со тестенини: Ручек за дружба со семејството!

Само за вистински домаќинки

Некои велат дека гулашот е јадење што ја грее душата, а ние сметаме дека ова јадење го собира семејството

Состојки:
  • 500 грама свинско месо (сечкано на коцки)
  • 3 главици кромид (ситно сечкани)
  • 2 моркова
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици маст
  • 1 децилитар бело вино
  • 200 грама пасирани домати
  • лавров лист
  • сува мелена пиперка
  • бибер
  • сол
  • малку сув зачин
  • свеж магдонос
  • варени макарони или широки јуфки
Приготвување:

На маст, продинстајте ги ситно сечканите кромид и лук, а потоа додајте ги морковите и месото. Сето тоа поселете го, ставете мелена црвена пиперка, мешавина од зачини и бибер. Додајте и лавор.

Оставете го сето тоа да се крчка околу 5 минути со повремено мешање. Потоа додајте и вино и оставете го јадењето да се крчка уште десетина минути. Потоа додајте и вода за да ги покрие месото и зеленчукот.

Оставете го сето ова да се готви околу еден час. Пробајте го јадењето за да видите дали е доволно солено. Потоа, во пасираните домати додајте малку брашно и уште зачини ако јадењето не е доволно солено.

Доматите со едната лажица брашно ставете ги во гулашот. Оставете го јадењето да зоврие, а потоа додајте и ситно сечкан магдонос и исклучете ја ринглата.

Во посебно тенџере сварете ги макароните. Сварените тестенини сипете ги во чинија и прелејте ги со врелиот гулаш.

Ако сакате, можете да изрендате и тврдо сирење врз јадењето. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.