Гравче-тавче со рипче

За 5 лица

Вистински специјалитет за љубителите на риба, во кој ќе уживаат и оние што претпочитаат мевце. Добар апетит!

Состојки:

  • 500 г бел грав
  • 3 главици црвен кромид
  • 2 поголеми моркови
  • 1/2 помал корен целер
  • 200 г шампињони
  • 2 лажици буковец
  • 250 мл доматен сок
  • 5 котлети од лосос
  • бибер
  • 2 филтер ќесиња чај од нане
  • 2 лаврови листа
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • масло

Приготвување:

Гравот се става во тенџере, се прелева со вода и се вари додека зоврие. Потоа се цеди, се истура водата и гравот се прелева со свежа млака вода. Се додаваат 2 ќесиња чај од нане, се поклопува и се вари додека омекне гравот.

Се лупи кромидот и се сечка на коцки, морковите и целерот исто така се сечкаат на коцки. Шампињоните се сечкаат на ливчиња, а лукот се гмечи.

На малку масло се пржат кромидот и лукот, а потоа се додаваат морковите и целерот и сето тоа заедно се пржи. Се додаваат печурките и се продолжува со пржење, додека изврие вишокот течност.

Се цеди варениот грав од течноста, се вадат ќесињата чај и се чува течноста.

Во тенџерето со зеленчукот се додаваат исцедениот грав, буковецот, лавровиот лист, малку сол и бибер по вкус. По потреба, се става малку од течноста од гравот, за да се добие погуста смеса.

Смесата се префрла на плех и одозгора се ставаат рибјите котлети. Се пече во загреана рерна, додека омекнат сите состојки и изврие вишокот течност.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.