Еве што готвиме деновиве: 7 рецепти за врелите денови!

Мени за седум дена

Кога температурата ќе го надмине 30-тиот степен, се воздржуваме и од варењето домашно кафе

Има луѓе кои толку не ја поднесуваат жештината што попрво би гладувале отколку да дозволат да се готви нешто во кујна за време на летото. Ако и вие сте едни од нив, ние ви предлагаме 7 рецепти за топлите летни денови…

ПОНЕДЕЛНИК

Крем-чорба од тиквички

Состојки:
  • 3 тиквички
  • 2 компира
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 500 милилитри млеко
  • 300 милилитри вода
  • малку мирудија
  • малку сол и бибер
Приготвување:

Зеленчукот се готви на малку вода, па се меле со миксер и се додаваат млеко и зачини. Сето тоа се загрева најмногу уште десетина минути и потоа се послужува со коцки сув леб.

Потребно време: 20 минути

ВТОРНИК

Ризото со зеленчук

Состојки:
  • 500 грама блитва, спанаќ или коприва
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 300 грама ориз
  • малку вода
  • малку масло
  • малку сол и бибер
Приготвување:

Во поголемо тавче се динста кромидот и изренданиот морков, па им се додаваат листови блитва или спанаќ и сето тоа се динста додека спанаќот не свене. Потоа се додава измиениот ориз и се сипува вода. Кога оризот ќе ја впие сета вода, уште еднаш се прелева со многу вода. Оставете го сето тоа да зоврие, па додајте зачини.

Потребно време: 20 минути

СРЕДА

Салата

Состојки:
  • 2 домати
  • 2 пиперки
  • 1 кромид
  • 100 грама фета-сирење
  • 200 грама пршута
  • коцки леб
  • маслиново масло
  • 50 грама маслинки
Приготвување:

Исечкајте го зеленчукот и пршутата и сето тоа измешајте го заедно. Додајте маслиново масло, маслинки, сирење и зачини.

Потребно време: 5 минути

ЧЕТВРТОК

Паста со песто

Состојки:
  • 500 грама паста
  • 2 врзопа босилек
  • 100 милилитри маслиново масло
  • 100 грама сурови бадеми
  • 200 грама кашкавал
  • малку сол
  • малку бибер
Приготвување:

Тестенините се варат, а во блендер се мелат босилекот и бадемите со малку маслиново масло. Сето тоа се сипува на врелите тестенини, па им се додава рендан кашкавал.

Потребно време: 10 минути

ПЕТОК

Салата со димена скуша

Состојки:
  • 1 поголема димена скуша
  • 2 компира
  • 1 цвекло
  • 1 главица кромид
  • маслиново масло
  • сол и бибер
  • врзоп магдонос
  • сок од половина лимон
Приготвување:

Компирот и цвеклото се варат па се сечкаат на коцки.  Им се додава кромид и исчистени парчиња скуша. Сето тоа се зачинува со масло и сок од лимон.

Потребно време: 20 минути

САБОТА

Палента со зеленчук

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 2 поголеми тиквички
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 400 милилитри сок од домати
  • палента
Приготвување:

Палентата се вари и се трга на страна. Во поголемо тавче се динста кромидот и изренданиот морков, па се додаваат тиквичките. Кога сето тоа ќе се искрчка, се додава доматниот сок и зачини по желба, па сето тоа се остава малку да врие. Се послужува со палента.

Потребно време: 30 минути

НЕДЕЛА

Боранија

Состојки:
  • 400 грама млада боранија
  • малку масло
  • 1 кромид
  • 2 компира
  • 2 пилешки батаци
  • 2 моркова
  • 1 домат
  • сол и бибер
  • врзоп магдонос
Приготвување:

Издинстајте го кромид на малку масло, па додајте морков исечкан на коцки и домати. Потоа, компирот и месото, па сипете малку вода и оставете да се загрева. По половина час, додајте зачини и магдонос, па исклучете ја ринглата, а боранијата оставете ја уште малку да „одмори“ на рингла.

Потребно време: 30 минути

Заборавете на кујната, на жените налето најубаво им е покрај базен!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.