Едноставни лазањи со пилешко: Кремасто и сочно јадење што ќе го нахрани целото семејство

Гастрономско уживање

Малку поинакви лазањи од оние на коишто сте навикнале, но пробајте ги, нема да се покаете

Состојки:
  • кори за лазањи
  • маслиново масло
  • морков
  • кромид
  • целер
  • сечкан магдонос
  • 500 г мелено пилешко месо
  • 60 г шунка
  • сол
  • бибер
  • рузмарин
  • 2 дл бело вино
  • 1 лажица брашно
  • 2 дл пасиран домат
  • 100 г рендан кашкавал
Приготвување:
  • Кратко сварете ги корите за лазањи во зовриена вода за да омекнат.
  • Исечкајте морков, кромид и целер, па пропржете ги на масло.
  • Додајте шунка и месо.
  • Кога месото ќе добие сива боја, додајте зачини, вино и гответе додека алкохолот испари.
  • Згответе ги сосот од домати и брашното на страна.
  • Наредете ги лазањите така што прво ќе ставате кори, па фил.
  • Сето тоа прелејте го со доматен сос, посипете кашкавал и печете половина час на 200 степени Целзиусови.
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време