Домашен бурек со месо од готови кори: Повкусен е и од оној во бурекчилница!

Пробајте!

Рецептот е на Елена Јакимовска, на инстаграм позната како kitchen_ot_na_elena

Кој може да одолее на вкусен, крцкав бурек за појадок или вечера? Во комбинација со чаша јогурт, не постои послатко јадење што за миг ќе ве засити. Овој пат ви предлагаме рецепт за домашен бурек со готови кори, што го сподели Елена Јакимовска на својот инстаграм-профил Kitchen_ot_na_elena. Ви гарантираме дека 100 пати е повкусен од оној во бурекчилница!

Состојки:

За преливот:

  • 1 печиво
  • 100 мл масло
  • 100 мл вода

За филот за 500 г готови кори:

  • 500 г мелено месо
  • 1/2 лажичка чадена црвена пиперка
  • 1/2 лажичка лут буковец
  • 2 лажички кромид зачин
  • 1/2 лажичка чубрица
  • црн пипер
  • 2/3 лажичка сол
  • 2-3 лажици сенф
  • масло за пржење

Приготвување:

Меленото месо се пржи со малку масло со сите зачини. Пред крајот се додава сенфот.

Прво, тепсијат бр 28 се обложува со хартија за печење.

Одзгора се редат 2 кори, една врз друга (помеѓу се попрскува со преливот), ама важно е овие први кори да висат од тепсијата, затоа што со нив на крај ќе се свитка најгорниот дел од бурекот.

Па се гужваат една по една 3 кори и се ставаат во тепсија, една до друга кора. Одозгора се попрскува со преливот, па се става од филот.

И така се продолжува додека да се истроши целиот материјал. Три кори згужвани, па попрскани, па фил, па пак истото…

На крајот се става една до две кори испрскани помеѓу, па со краевите од првите кори се затвора. И одозгора пак се попрскува со течноста и се ставаат повеќе помали парченца путер.

Се пече помалку од половина час на 180 степени. Кога се вади, се превртува од другата  страна и се сече.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе