Џејми Оливер открива: Како да го направите совршениот омлет? (ВИДЕО)

Кои се триковите?

Омлет е брз оброк од јајца што се подготвуваат со путер во тава, и по избор се полни со сирење, парчиња месо или зеленчук.

Најважно за успешно направен омлет е да го подготвите во тава со нелепливо дно, но и да ги подготвите сите состојки однапред за да не загори јадењето.

Состојки:

  • 3 јајца
  • сол и црн пипер
  • парче путер
  • малку масло
  • додатоци по желба

Подготовка:

1. Измешајте ги јајцата многу добро со маталка, така што сите траги од белките од јајцата ќе исчезнат. Додадете сол и бибер.

2. Ставете парче путер со масло на умерена температура. Истурете ги јајцата кога путерот целосно ќе се стопи и тавата е топла.

3. Истурете ги јајцата во тава. Првите дваесет секунди, промешајте ги јајцата со дрвена лажица, како што правите кога подготвувате кајгана.

4. Кога ќе забележите дека јајцата почнуваат да се згуснуваат, односно од течноста почнуваат да се претвораат во цврста форма, проверете дали јајцата го покриваат целото дно на тавата.

5. На целата површина на омлетот, додадете рендано сирење, парчиња сланина, половини од шери домати или кој било друг вид додаток рамномерно.

6. Користејќи дрвена шпатула, олабавете го работ на половина од омлетот и превртете го над остатокот. Пренесете го полукругот во чинија и сервирајте го топол. Добар апетит!

Погледнете како британскиот готвач Џејми Оливер го подготвува совршениот омлет.

Предлог за десерт: Свилен колач со јаболка: Божествен десерт што сите ќе го засакате!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.