Чорбаџиска манџа: Старинско јадење што се приготвувало само за богатата класа

Вкусот е неверојатен

Овој вкусен ручек, познат и како чорбаџиски гулаш, ќе ве остави без текст

Ако не знаете што да приготвите за ручек, нашиот предлог е старински чорбаџиски гулаш.

Состојки:
  • 1 кг месо
  • 2 главици кромид
  • 1 свежа зелена пиперка
  • масло
  • 300-400 г шампињони
  • 5 печени пиперки
  • 1 чаша (од 250 мл) исечкан и излупен домат
  • 200 мл бело вино
  • сол
  • 100-150 г сирење
  • 4-5 јајца
  • сол, црвен пипер, магдонос
Приготвување:

Во подлабоко тавче ставете масло, па пропржете ги месото, кромидот, пиперката, шампињоните, печените пиперки и оставете го сето тоа да се крчка. Потоа, додајте бело вино и зачини. Откако ќе испари водата, додајте сирење, а потоа и јајца. Поклопете па оставете го сето тоа да се пропржи уште малку. Послужете го јадењето топло. На здравје!

Летна манџа на 3 начина: Ова е рецептот за вистинско летно уживање!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.