Ова јадење може да го приготвувате секој ден кога ќе си дојдете од работа, а домашните ќе бидат задоволни
Ако сте расположени за оброк кој ќе ве засити, но и освежи, ова е вистинскиот избор. Се приготвува брзо и лесно, без многу неред.
Состојки:
- 5 свежи пиперки
- зачинско билје
- 50 г гауда или кашкавал
- малку маслиново масло
За филот:
- 1 помала главица кромид
- малку свежа црвена и зелена пиперка
- 1 јајце
- 50 г гауда или кашкавал
- 300 г мелено јунешко месо
- зачинско билје
- сол
- мелен бибер
- 50 мл бело вино
Приготвување:
1. Добро измијте ги пиперките, па преполовете ги за добиете две чамчиња и исчистете ги од семките. Исечкајте една пиперка на ситни коцки.
2. Излупете го кромидот и ситно исечкајте го. Кашкавалот исечкајте го на ситни коцки или ленти.
3. Загрејте масло во тавче, па ставете кромид и пропржете го на средна температура додека омекне малку. Потоа, додајте ситно сечкана пиперка.
4. Пржете додека се почувствува мирисот на пиперката (5 минути), додајте го меленото месо и мешајте додека стане убаво иситнето, без грутки.
5. Додајте сол и мешавина од зачинско билје, па кога ќе испари сиот сок, додајте малку бело вино и пржете додека испари виното.
6. Тргнете од шпорет, ставете коцки кашкавал и мешајте додека се стопи.
7. Оставете ја смесата да се олади кратко, па додајте јајце за да се соедини сето тоа убаво.
8. Премачкајте го дното на огноотпорниот сад во кој ќе се печат пиперките со малку маслиново масло.
9. Наполнете ги пиперките со приготвениот фил и наредете ги во огноотпорен сад. На секоја пиперка изрендајте кашкавал.
10. Ставете ги во рерна и печете на 200 степени околу 30 минути додека омекнат пиперките, а кашкавалот убаво зарумени.
Кога ќе се оладат малку, можете да ги сервирате и да ги послужите со сезонска салата и бело вино.
ФОТО: ДОБРА ХРАНА