Боранија на старински начин: Здраво, вкусно, едноставно!

Готвењето не мора да биде комплицирано!

Сетете се на старинските јадења што ги готвела вашата баба – тие се многу здрави и едноставни за подготовка, исто како и овој рецепт

Состојки:
  • 600 грама боранија
  • 1 главица кромид
  • 3 моркови
  • 2 компира
  • 1 домат
  • 1 зелена пиперка
  • 4 чешниња лук
  • малку црвена пиперка
  • лист од магдонос
  • масло

Приготвување:

На масло пропржете сечкан кромид, морков и ситно сечкана пиперка. Додајте боранија и компир, па сето тоа добро издинстајте го и на крајот додајте сечкан излупен домат и лук. Динстајте додека не омекне боранијата, па додајте сол и лист од магдонос.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.