Состојки Количина
Блитва 0,5 kg
Јајца 4 јајца
кромид главица
 лук 5 чешниња
сончогледово масло 50 ml
маслиново масло 50 ml
ориз 250 g
пилешка коцка за супа 1
жолто тврдо сирење 100 g
сол по потреба
бибер по потреба

Како да го подготвите

  • На масло попржете го исецканиот лук и кромид, па додадете го оризот и пржете со мешање се додека оризот не ја впие маснотијата. Од коцката направете 700 мл супа и со неа по малку полевајте го оризот. Штом оризот ја упие течноста, повторно сипувајте од течноста. Намалете го оганот и гответе со повремено мешање.  Пред целата течност да испари додајте нарендано сирење и добро измиената исецкана блитва. Измешајте, посолете и забиберите па поклопете и исклучете ја ринглата. Намачкајте го садот за печење со масло и во него поставете го пилавот. Израмнете ја смесата и направете 4 двлабнувања, а потоа во секое спуштете по едно јајце. Посолете и ставете го 15 минути во рерна загреана на 200 степени.