Бифтек врз тост-лепче

Вистински деликатес

За љубителите на телешкото месо, издвоивме превкусен и модерен рецепт за приготвување на популарниот деликатес – бифтек!

Состојки: 300 г телешки бифтек, 200 г зеленчук (морков, брокула, тиквичка, модар патлиџан, печурки, пиперки), 20 г сенф, маслиново масло, сол, црн пипер, тост-леб

Приготвување: морковот го лупиме и го сечкаме на долгнавести ленти и го ставаме да се вари.

Брокулата исто така ја ставаме да се вари.

Бифтекот го премачкуваме со сенф и го зачинуваме со сол и со црн пипер. Го ставаме да се пече во грил-тава.

Тиквичката и модриот патлиџан ги сечкаме на кругови, а пиперките на долгнавести ленти.

Откако ќе ги свариме морковот и брокулата, ги пропржуваме во тава со маслиново масло и зачин. Истото тоа го правиме и со тиквичката, модриот патлиџан, пиперките и со печурките.

Сервирање: тост-лепчето го ставаме како подлога на бифтекот. Бифтекот го ставаме врз лепчето. Декорираме со неколку шери-домати, киви и со цитрон.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Александар Велов

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.