А што за ручек? Чорба со колбавчиња, кељ и јачмен!

Пробајте ја и ќе ни бидете благодарни!

Чорба со колбаси, кељ и јачмен – штом ќе ја пробате еднаш, дефинитивно ќе биде често на вашето мени оваа есен и зима! Бонус: богата е со протеини и растителни влакна.

Зошто ја сакаме оваа комбинација на состојки? Затоа што кељот е вистинска супернамирница, која содржи витамини А, Ц и К, како и минералите манган, бакар и калциум, а доматите и сувите колбаси ѝ даваат на оваа чорба неодолива арома.

Состојки за 6 порции:

3 лажици маслиново масло

300 г сув колбас

1 голем кромид, ситно сечкан

3 моркови, сечкани

2 стапчиња целер, сечкани

1-2 големи компири исечени на мали коцки

3 чешниња лук, ситно сечкани

1 конзерва (400 г) пире од домати

6 шолји (240 мл) пилешки бујон

2 гранчиња рузмарин

парче кора од пармезан

¾ шолја јачмен

6 чаши сечкан кељ

2/3 шолја ситно рендан пармезан

Приготвување:
1. Загрејте 1 лажица масло во голем тенџере на средно висока температура. Пропржете го колбасот исечен на крукчиња да порумени и добие убава кора, 3 до 4 минути. Потоа префрлете го во посебен сад.

2. Додајте ги преостанатите 2 лажици масло во тенџерето. Издинстајте ги кромидот, морковот и целерот на умерен оган, со повремено мешање, додека зеленчукот омекне, околу 6 минути.

Додајте го лукот, па пржете го додека добие арома, околу 1 минута.

Додајте ги пирето од домати и бујонот, потоа компирите исечкани на коцки, гранчињата рузмарин и кората од пармезанот. Оставете го садот покриен на тивок оган, додека зоврие, околу 10 минути.

3. Додајте го јачменот и варете, мешајќи повремено, додека житарката стане „ал денте“, околу 8 минути. Проверете дали компирот е мек. Ако е така, додајте го кељот и вратете го колбасо во тенџерето. Нека се крчка на оган, со постојано мешање, додека омекне кељот, околу 1 минута.

Тргнете го тенџерето од оган. Извадете Отстранете ги гранчињата рузмарин и кората од пармезанот Поделете ја супата во шест чинии. Додајте еднакво количество рендан пармезан врз секој и сервирајтеја супата додека е топла.

Текст и фото: Lepota i zdravlje.rs

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.