4 феноменални домаќински трикови: Како месото да не ви биде жилаво, туку сочно, меко и вкусно!

За меко и сочно месо

Со овие трикови, месото ќе ви биде сочно и меко како душа

Месото е намирница која можеме да ја приготвиме на многу начини. Но не постои ништо полошо од тоа кога ќе купите жилаво месо и однапред знаете дека со таквото парче, ручекот нема да биде воопшто вкусен.

Ви носиме 4 трика како да ја ублажите жилавоста на месото, за тоа да биде сочно и вкусно по печењето или пржењето…

Газиран сок

Ако немате многу време да го маринирате месото, бидејќи сакате што побрзо да го приготвите, имаме брз трик за да го омекнете. Неколку минути пред печењето, прелејте го месото со сладок газиран сок, исушете го пред печење и посипете го со бибер. Шницлите ќе ви бидат многу посочни.

Лимонов сок

Лимонот е одличен сојузник во приготвувањето месо. Ако сакате да бидете сигурни дека месото ќе ви излезе меко и вкусно, премачкајте го со лимонов сок. Половина час пред да ги печете шницлите или батаците, држете ги во лимонов сок, бидејќи тој најдобро ќе ги „измие“ и месото ќе биде сочно и меко.

Маринада

Иако постојат различни маринади за месо, онаа што ви ја предлагаме ќе влијае врз вкусот на месото, но и ќе го направи меко. Вечерта пред печењето, ставете го месото во маринада од јаболка, лук и маслиново масло. Оставете го да стои во фрижидер цела ноќ, а утредента пригответе го по желба. Тоа ќе го омекне и ќе го направи повкусно.

Овошје

Јаболката, ананасот и крушата се ваши сојузници во готвењето, печењето и пржењето црвено месо. Треба само да го излупите овошјето и да го наредите врз месото додека се печење. Овошните киселини ќе го омекнат месото и ќе го направат повкусно, а исто така и ќе ја ублажат неговата жилавост.

Кулинарски трик за меко и сочно пилешко филе: Белото месо никогаш повеќе нема да ви биде суво!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.