3 рецепта за јадења од печени пиперки: Есен во едно залче!

Пробајте!

Кога во септември ќе замириса на печена пиперка, тоа е јасен знак дека есента пристигнала

Ви носиме три рецепта за јадења од печени пиперки…

Салата од печени пиперки

Состојки:

  • 4 црвени печени пиперки
  • маслиново масло, оцет, лук, сол

Приготвување:

Печените пиперки излупете ги и исцедете ги. Потоа, зачинете ги со маслиново масло, јаболков оцет и лук. Ако сакате, можете да додадете кајмак или павлака.

Печени пиперки полнети со сирење

Состојки:

  • 8-12 пиперки
  • 1/2 шолја меко козјо сирење
  • зачински билки – магдонос, оригано, лук
  • маслиново масло
  • бибер и сол

Приготвување:

Измешајте го сирењето со зачините и со него наполнете ги исчистените пиперки. Наредете ги во огноотпорен сад и запечете ги на 200 степени околу 20 минути. Доколку сакате, можете да ги прелиете со неутрална павлака и да ги потпечете. За декорација ставете свеж магдонос.

Супа од пиперки

Состојки:

  • 1 голема печена пиперка
  • 1/3 шолја индиски ореви
  • 1/3 шолја вода
  • 1/2 кафена лажичка хималајска сол

Приготвување:

Наведените состојки сомелете ги во блендер, сипете ги во сад и додајте магдонос или свежо сечкана црвена пиперка.

(Видео) Вкусен специјалитет: Запечени пиперки полнети со леб и сирење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.