3 едноставни италијански јадења: Се приготвуваат за точно 10 минути!

Ручек набрзина

Ако немате волја долго да се задржувате во кујна, овие три рецепти се она што ви треба за првите есенски денови

Њоки со пршута

Состојки:

  • 1 лажица путер
  • 200 г павлака за готвење
  • 90 г пршута
  • неколку ливчиња свежа или сушена жалфија
  • помало чешне лук
  • половина лажиче сенф
  • сол и бибер по желба
  • 500 г њоки

Приготвување:

Растопете лажиче путер на врело тавче, па додајте павлака, оставете ја да се загрее, па додајте сечкана пршута и помало чешне лук. Посолете и оставете да зоврие. Во врела, зовриена и солена вода сварете ги њоките полнети со сирење. Кога ќе се сварат, измешајте ги со приготвениот сос. Во добиениот сос додајте и бибер по желба, половина лажиче сенф и три ливчиња жалфија, искинати на поголеми парчиња. Измешајте го сето тоа и послужете.

Шпагети ала Амартикана со сланина

Состојки:

  • 1 феферонка или половина лажиче лут чили-сос
  • 250 г сечкана сланина
  • 500 г пасирани домати
  • 1 чешне лук
  • маслиново масло
  • 400 или 500 г тестенини/шпагети
  • 80 г рендан кашкавал

Приготвување:

На малку маслиново масло динстајте кратко пропржен лук и сечкана сланина. Не смее да биде препржена или крцкава, само треба да пушти малку маснотии и веднаш додајте го пасираниот домат. Сварете ги тестенините во солена вода за да бидат ал денте, исцедете и сочувајте малку вода од варењето. Тестенините додајте ги во сосот, па во нив изрендајте кашкавал, а ако има потреба, додајте малку вода од варењето.

Тестенини во бел сос со спанаќ

Состојки:

  • 400 г тестенини
  • 2 лажички путер
  • 2 чешниња лук
  • 250 мл млеко
  • 170 г сирен намаз
  • 80 г рендан пармезан
  • 250 г свеж спанаќ
  • бибер и сол по желба

Приготвување:

Во длабоко тавче растопете путер и кратко продинстајте лук колку да омекне и да пушти арома. Во тавчето додајте млеко, сирен намаз и пармезан и мешајте додека сосот зоврие. Потоа додајте свежо мелен бибер и сол по желба, па свеж спанаќ. Гответе додека се свари спанаќот. Сварените тестенини ставете ги во сосот и оставете да се крчка уште неколку минути.

Ручек за 15 минути: Совршени тестенини со мирис на лимон и босилек за кои ќе извалкате само едно тенџере!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.