Добре дојдовте во првиот број на специјализираното списание „Добра храна“!

Бидете сити и вити!

Добрата храна е во тренд! Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од прекрасно декорирани оброци што ги будат нашите сетила, но и желба за готвење! Сепак, вештото приготвување вкусни јадења понекогаш се чини како научна фантастика, особено за почетниците.

Токму затоа, со задоволство ви го претставуваме првиот број на специјализираното списание „Добра храна“, кое ќе стане вашиот задолжителен кулинарски прирачник, без разлика дали сте експерт или првпат влегувате во кујна.

На страниците ќе најдете од сè по нешто: врвни рецепти од нашите гастро-мајстори, традиционални задоволства на лажица , рецепт за домашно зготвени њоки… Преку нашата школа за готвење ќе ве запознаеме со сите делови на јунешкото месо, а ќе срушиме и дел од најголемите кулинарски митови.

Брзи залчиња со пилешка салата од „Се’ за храна“
Печена палента – рецепт на Даниел Цуклев (@cuklev)
Wake Up сендвич на Бранко Попоски (@cookingwithbranko)
Рецепт на Маре Јаневска
Печени ребра во прилог со пире на Теодора Бојковска (@gotvime.so.tea)
Пробајте ги чоколадните колачиња на Ана Марија Кузманоска (@anamarija.k1)
Кремаст чоколаден десерт со арома на портокал на Давор Панчевски
Посно јадење од кујната на „Се’ за храна“ со внимателно одбрани состојки од широката палета на „Витаминка“

Покрај тоа, во секој примерок од „Добра храна“ ќе може да пробате еден од следниве производи на „Подравка“: „Fini-Mini“ крем-супи, чај или гумени бонбони „Herba“.

Подготвивме уште многу други забавни и едукативни рубрики, кои се надеваме дека ќе го разбудат готвачот во вас. Уживајте во готвењето и во добрата храна заедно со нас!

Ваша Марија Лукаревска,

Главна и одговорна уредничка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.