Желе-торта: Десерт што и оние кои внимаваат на линијата можат да го јадат колку сакаат!

Вкусно

Убаво изгледа, вкусна е и има малку калории

Дали некогаш сте чуле за здрава торта? Најдовме рецепт за една токму таква. Иако звучи неверојатно, возможно е да уживате во слатките и без грижа на совест.

Многу брзо и лесно се приготвува!

Состојки:
  • сечкано овошје по желба
  • боја за колачи
  • 200 г шеќер или засладувач
  • 1 л вода
Приготвување:

Прво, пригответе го желатинот. Гранулираниот желатин се раствора во ладна вода, а кога ќе набабри, се загрева на пареа.

Многу е важно кога ќе го загревате желатинот, неговата температура да не надмине 60 степени, бидејќи тогаш ќе ја изгуби својата желеста структура.

Доколку користите течен желатин, ставете го во вода и загрејте го, па додајте малку боја за храна. Кога желатинот ќе биде готов, додајте шеќер и исечкано овошје.

Оставете го да се олади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер. Тортата ќе биде спремна за консумирање откако ќе отстои 4 часа во фрижидер.

Богата чоколадна торта со најкремастиот фил: Никој на светот не може да ѝ одолее! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.