Здрава варијанта без дополнителен шеќер: Неодолив брауни колач со ореви и вишни, јадете без грижа на совеста!

Рецепт

Здрава верзија на омилениот колач.

Брауни е неодолив колач, а ова вкусно задоволство го обожаваат сите љубители на чоколадото. Ако сакате да внимавате на линијата ви носиме совршен рецепт – нема додатен шеќер и глутен, а прекрасна е опцијата и за празничната трпеза. Уживајте во неодоливиот вкус.

Состојки:

3 банани

3 јајца

40гр какао прав

1 лажица масло

100гр овесни снегулки или овесно брашно

1 лажица ванила

1 прашок за пециво

Прелив:

100гр сецкана чоколада (користете ја онаа без шеќер или со повисок концентрат на какао)

150гр цедена вишна во облик на сируп

50гр ореви

Подготовка:

Изматените јајца додадете ги во пасираните банани, па мешајте додека не добиете смеса. Потоа додаете какао и масло, па повторно мешајте. Во мешавината додајте ги мелените овесни снегулки (или овесното брашно), а потоа прашокот за пециво и аромата од ванила. Се добро измешајте, па смесата ставете ја во калап.

Потоа во смесата ставете сецкана чоколада, а потоа распоредете ја вишата и сецканите ореви. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.