Здрава пита без брашно и јајца: Вкус што долго ќе го паметите

Воодушевете ги вашите гости со вкусен десерт

Неодолива слатка пита со грчки јогурт и со вашето омилено овошје

Потребни состојки:
  • 1 шолја урми (10-12 урми без семки)
  • 1 ½ шолја индиски ореви, бадеми, ореви и друго јаткасто овошје
  • 1 свеж ѓумбир, излупен
  • 1 лажиче цимет во прав
  • 1 шолја грчки јогурт (со вкус на ванила)

Овошје: јагоди, боровинки, капини, малини, киви, банани, лубеница, мандарина

Начин на подготовка:

1. Во блендер ставете ги урмите, оревите, ѓумбирот, индиските ореви, циметот и блендајте додека не добиете лепливо тесто. Немојте долго да мешате, бидејќи не мора добиете мазна смеса. Во тестото, можете да додадете и овесни снегулки по потреба.

2. Ставете го тестото во сад за печење. Нанесете го на дното и на страните од садот.

3. Истурете грчки јогурт врз тестото.

4. Украсете ја питата со овошје. Најлесно ќе ви биде ако почнете со украсување однадвор-навнатре.

5. Ставете ја питата во фрижидер и послужете ја добро изладена.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време