Здрав и вкусен десерт: Домашна гранола

Рецепт на Ана Марија Кузмановска

Со овој рецепт ќе добиете 1 килограм гранола, а ќе ви требаат 20 минути за да ја приготвите

Инстаграм-профилот на Ана Марија Кузмановска @anamarija.k1 е вистинска инспирација за здрави и слатки рецепти. Посетете го и пригответе нешто од нејзините предлози, а почнете од оваа домашна гранола.

Состојки:
  • 300 г овесни снегулки
  • 200 г јаткасти плодови (бадем, лешник, орев…)
  • 100 г суво грозје
  • 50 г чиа-семки
  • 1 лажица какао
  • 50 г кокосово масло (или друг вид масло)
  • 100 г мед
  • кокос и чоколадо по желба
Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени и исечете ги јатките на поголеми парчиња.

2. Измешајте ги медот и кокосовото масло и загревајте ги на тивок оган.

3. Ставете ги сите состојки, освен чоколадото и кокосот на хартија за печење и измешајте ги со стопените масло и мед.

4. Печете ги 15 минути и промешајте ги барем еднаш за време на печењето. Кога ќе ги извадите од рерна, пред да ги ставите во тегла, може да додадете кокос и да изрендате чоколадо.

Уживајте во слаткиот десерт!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.