Заборавете на обичниот чизкејк: Овој десерт со тиква ќе ви стане омилен цела есен

ЕСЕНТА ВЕЌЕ МИРИСА НА ТИКВА И ЦИМЕТ

Крцкава подлога, кремаст фил и топли зачини – комбинација која изгледа прекрасно, а се подготвува полесно отколку што мислите.

Септември е идеален за десерти со тиква, а овој чизкејк е совршен начин да го внесете омилениот есенски вкус на трпезата. Крцкавата подлога од бисквити се комбинира со два слоја крем, од кои едниот е збогатен со пире од тиква и ароматични зачини.

За подготовката ќе ви требаат бисквити, растопен путер, крем-сирење, шеќер, ванила, јајца и пире од тиква. За препознатливиот есенски вкус се додаваат цимет, каранфилче и морско оревче.

Едноставна подготовка, а изглед како од слаткарница

Издробените бисквити се мешаат со растопен путер и се притискаат на дното од калапот, па кратко се запекуваат. Во меѓувреме се подготвува кремот од крем-сирење, шеќер, ванила и јајца.

Потоа дел од кремот се меша со пире од тиква и зачините, со што се добива вториот слој. На крајот се пече околу 40 минути и се остава добро да се излади пред послужување.

Целиот рецепт е предвиден за околу осум порции и е одличен избор за семеен ручек, попладневно кафе или есенско дружење.

pexels – tikva – esen – kolac –

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе