Вкусно и сочно: Пита од јаболка

Брзо и едноставно!

Состојки:

  • 2 жолчки од јајце и едно цело јајце
  • 7-8 јаболка
  • 150 гр брашно
  • 250 гр шеќер
  • 150 гр путер
  • 1,5 дл млеко
  • лажичка цимет

Подготовка:

Добро изматете ги жолчката и јајцето со 150 гр шеќер. Потоа додадете брашно, млеко и цимет. Кога смесата ќе стане пенаста, ставете ја во калап за печење. Покријте го тестото со исечени јаболка. Посипете ги јаболката со 100 гр шеќер и цимет, а врз нив истурете растопен путер. Печете 45 минути на температура од 160 степени Целзиусови.

Декорација: Направете ја саканата шема на алуминиумската фолија од карамелизиран шеќер. Кога ќе се излади, извадете ја од фолијата и украсете го колачот.

Предлог за предјадење: Кускус салата со пикантно пилешко

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.