Вкусни крофнички: Воздушесто тесто што се топи во уста!

Пробајте!

Воздушест десерт што нема да ве остави рамнодушни

Потребни состојки:
  • 500 грама брашно
  • 15 грама квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • кора од лимон
  • 3 јајца
  • коцка путер
  • масло
  • 100 милилитри млеко
  • 100 милилитри кисела вода
  • малку сол

Начин на подготовка:

Ставете ги квасецот и шеќерот во малку млеко или вода и оставете ги 3 минути за да запенат и да се стопат.

Во сад, скршете јајца, додајте квасец, млеко, кисела вода, кора од лимон, стопен путер и брашно, па на крајот сол. Измешајте и добро замесете со раце или со сукало.

Оставете го тестото покриено половина час. Потоа, префрлете го на површина на која претходно сте ставиле малку брашно и замесете го. Развијте го во правоаголник и почнете да ги вадите крофните.

На средината, правете им мали дупчиња. Можете да го направите ова со капаче од масло.

Редете ги во плех што претходно сте го обложиле со хартија за печење. Покријте ги со фолија и оставете ги 10 минути.

Пржете ги во длабоко масло на умерена температура.

Озгора може да ставите шеќер во прав и ванилин шеќер. Уживајте!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време