Вкусен протеински десерт без шеќер: Овие ледени коцки се вистинско освежување по тренинг!

Пробајте

Задоволете си ја желбата за слатко на квалитетен начин, кој нема да ви ги наруши резултатите

Здравите ледени коцки се практични и може да се вклопат во различни режими на исхрана, бидејќи се без шеќер, а бананата им дава природна слаткост и сочност. Најдобро е што овој рецепт се приготвува едноставно, без долго печење и не одзема време, па идеален е за деновите кога сакате нешто слатко на брзина, но со вкус на сериозен десерт.

Состојки:

За кората

  • 2 јајца
  • 60 г овесни снегулки
  • 1 лажица какао во прав
  • 60 мл бадемово млеко
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 20 г протеин од чоколадо
  • дополнително млеко за кората

За филот:

  • 1 протеински пудинг од ванила
  • 3 лажици грчки јогурт
  • 1 зрела банана

За преливот:

  • 100 г црно чоколадо
  • 100 мл бадемово млеко
Приготвување:

Измешајте ги состојките за кората во блендер и печете 15 минути на 200 степени. Избоцкајте ја кората со виљушка и прелејте ја со малку млеко.

Исечкајте ја бананата на кругови и наредете ја на оладената кора. Измешајте грчки јогурт и пудинг и филувајте ја кората. Оставете ја во замрзнувач 30-60 минути, па прелејте ја со прелив од чоколадо. Оставете ја да се олади и уживајте во десертот!

ФОТО: Freepik

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе