Вкус што секогаш ќе го помните: Најкрцкавата кремпита со кори од лиснато тесто!

Десерт што освојува!

Овие кремпити се одлично крцкави, а филот се топи во уста

Потребни состојки:
  • 500 грама лиснато тесто или готови кори за кремпита
  • 6 јајца
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 4 лажици густин
  • 1 литар млеко
  • 2 кутии слатка павлака

Приготвување:
  • Ако не се готови корите за кремпита, тогаш развлечете одмрзнато лиснато тесто и секоја кора испечете ја во рерна.
  • Изматете 6 жолчки со 10 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, па во така изматените жолчки, додајте 8 лажици брашно и 4 лажици густин и 2,5 децилитри млеко.
  • Изматете сè со миксер.
  • Остатокот од млекото, ставете го на рингла да зоврие, па намалете ја температурата и додајте ја жолтата смеса од жолчки и варете го жолтиот крем додека не стане густ.
  • Оставете го кремот да се излади малку, па во него додајте изматен снег од 6 белки и 10 лажици шеќер. Изматениот снег додајте во сè уште врелиот жолт крем и мешајте со лажица.
  • Потоа, ставете една кора од лиснато тесто на тацна,
  • Врз корите ставете крем, а врз кремот кога ќе се излади може да ставите изматена слатка павлака без да додавате шеќер. Ако не сакате изматена павлака, не мора да ја ставите.
  • Врз павлаката или жолтиот крем, ставете ја другата претходно издробена кора за лиснато тесто.
  • Наросете со шеќер во прав.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.