Велигденска баклава: Богат и сочен колач за свечени прилики!

Не сте пробале повкусна!

ФОТО: Bakina kuhinja

Вистинската баклава мора да биде крцкава и сочна истовремено

Состојки:
  • ½ килограм тенки кори
  • 200 грама ореви
  • 100 грама бадеми
  • 100 грама суво грозје
  • 100 грама бисквити
  • 50 грама гриз
  • 100 грама посен маргарин
  • 100 милилитри сок
  • 3 лажици шеќер
  • масло
За преливот
  • 500 грама шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 поголем лимон
Приготвување:

Сомелете ги оревите, бисквитите и бадемите, па ставете ги во една чинија. Додајте 50 грама стопен маргарин, шеќер, суво грозје, гриз и сок, па сето тоа добро измешајте го. Во чинија со стопен маргарин додајте малку масло.

Развлечете ја првата кора на маса, па со четкица премачкајте ја со масло и маргарин, врз неа додајте ја втората кора, па и неа премачкајте ја, потоа третата и премачкајте ја, а на дното на кората ставете повеќе од филот.

Свиткајте ги рабовите и завиткајте ја кората во ролат. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот.

ФОТО: Bakina kuhinja

Со остар нож исечете ги ролничките во мали ролати, премачкајте ги со масло и маргарин и печете ги на 200 степени Целзиусови околу 25 минути.

Во меѓувреме, додека се пече баклавата, сварете го сирупот од шеќер и 300 милилитри вода, додајте ванилин шеќер и исечен лимон на кругови. Прелејте ја врелата баклава со врелиот сирупот. Оставете ја да се излади и да ги впие соковите.

Извор: Kod bake u gostima

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.