Ве носиме на гастро-патување: Пробајте го овој фантастичен виенски колач!

Слатко задоволство

Колач што ќе ви ги разбуди сите сетила

Состојки:
  • 250 г пишкоти
  • 1 пудинг со вкус на ванила без готвење
  • 20 г ванилин шеќер
  • 250 мл млеко
  • 150 г шеќер во прав
  • 250 г маргарин
  • 4 лажици какао
  • 2 лажици рум

За декорација:

  • 2 лажици шеќер во прав

Приготвување:

1. Пудингот се мати со миксер, па се додаваат 200 мл ладно млеко и ванилиниот шеќер, со непрекинато матење.

2. Маргаринот се мати пенесто, па се додаваат шеќерот во прав и какаото. Потоа се поврзува со пудингот, па се миксира додека се добие изедначена смеса.

3. Тесен правоаголен калап се обложува со алуминиумска фолија, па се нанесува 1/3 од филот, колку да се прекрие дното. Потоа се распоредува еден ред пишкоти натопени во мешавина од млеко и рум. Се премачкуваат со 1/3 од филот. Потоа се нанесува вториот ред натопени пишкоти, па горе 1/3 од филот. Колачот се завршува со пишкоти натопени во млеко и рум. Се остава да се олади во фрижидер прекуноќ.

4. По ладењето, колачот внимателно се вади од калапот на тацна за послужување и се отстранува фолијата.

5. За декорација се посипува со шеќер во прав по желба.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.