Турците прават најдобро трилече: Толку е кремливо и лесно, што ќе сакате да ја изедете целата тепсија!

Турски рецепт за трилече

Овој прекрасен колач ќе ви ја задоволи потребата за слатко, а притоа ќе изедете квалитетно парче десерт

Колачот од три типа млеко и карамела е толку вкусот и сочен што нема да можете да му одолеете.

Состојки:
  • 8 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 10 лажици брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 300 мл млеко
  • 100 мл слатка павлака
  • 300 мл шлаг
  • карамела (200 г шеќер + 100 г путер)
Приготвување:

1. Одвојте ги жолчките од белките во два поголеми сада.

2. Пенесто изматете жолчки со 5 лажици шеќер, додека смесата побели.

3. Изматете ги и белките во цврст снег.

4. Во жолчките додајте просеано брашно, заедно со лажиче прашок за печиво.

5. Измешајте сè со миксер.

6. Во смесата со лажица додавајте снег од белки и внимателно матете рачно.

7. Добиената смеса префрлете ја во плех и печете ја 20 минути на 180 степени Целзиусови.

8. Прелејте со 300 мл млако млеко измешано со слатка павлака.

9. Потоа, изматете шлаг, па размачкајте го одозгора.

10. Направете ја карамелата така што во загреан сад ќе растопите путер и шеќер и мешајте додека добие златна боја.

11. Добиениот крем прелејте го преку колачот.

Погледнете ги деталните упатства во видеото во продолжение…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laureta Leka (@loriskitchen__)

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе