Традиционални празнични колачи: Уживање за сите сетила!

Австриски десерт што се прави лесно и интересно

Може да ги правите со џем по желба, но најдобро е да биде некој киселкав, како на пример од вишна

Потребни состојки:
  • 300 грама брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 150 грама путер
  • 100 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • кора од лимон или портокал
  • џем
  • шеќер во прав
Начин на подготовка:

Од состојките замесете тесто и оставете го во фрижидер еден час. Развлечете го тестото, а потоа со калапи обликувајте ги колачињата по желба. Ви требаат две половини, една без дупки и една со дупка.

Ако немате помал калап за правење мали дупчиња, може да ви послужи и некое капаче.

Наредете ги така приготвените колачиња на хартија за печење премачкана со масло и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови. Премачкајте ја половината без дупчиња со џем и на него залепете го оној со дупче, па наросете со шеќер во прав.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време