Традиционален рецепт: Бугарска баклава на старински начин

Превкусен десерт!

Пробајте ја оваа бугарска баклава што ќе ве освои на прво залче

Состојки:
  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици масло + уште малку за подмачкување
  • 12 лажици гриз
  • 12 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 г мелени ореви
  • 100 г исечкани ореви
  • 100 г суво грозје

За сирупот

  • 800 г шеќер
  • 800 мл вода
Приготвување:

1. Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот, па во смесата додајте ги млекото, маслото, исечканите и мелени ореви, сувото грозје и прашокот за печиво. Сите состојки добро промешајте ги, а потоа во садот ставете ги гризот и брашното.

2. Подмачкајте соодветна тепсија со масло и набрашнете ја. Сипете ја приготвената смеса во тепсијата и печете 25 минути на 200 степени Целзиусови. Оставете ја печената баклава да се олади.

Сируп:

1. Во подлабок сад сипете ги водата и шеќерот, ставете го на шпорет и почекајте да зоврие водата.

2. Намалете ја температурата и оставете сето тоа да се вари уште пет минути.

Завршна постапка:

1. Прелејте ја ладната баклава со врелиот сируп, па повторно оставете ја да се олади и да ја впие прелеаната течност.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.