Торта со мандарини: Кремасто и сочно чудо од вкусови што ќе го обожавате!

Совршен десерт

Оваа торта е совршена за љубителите на слатки и овошни десерти

Состојки:

За кората:

  • 6 јајца
  • 1 прстофат сол
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • изрендана кора од една мандарина

За филот:

  • 500 мл млеко
  • 2 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици густин
  • 200 г маргарин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 7-8 мандарини
  • 2-3 лажици шеќер за карамелизирање
  • малку кокос за посипување

За декорација:

  • по желба можете да ја украсите тортата со 2 исечкани киви
Приготвување:
  • Одвојте ги жолчките од белките, па во белките додајте прстофат сол и изматете со миксер.
  • Додека ги матите белките во цврст снег, можете да додадете и една кесичка ванилин шеќер, а постепено лажица по лажица додавајте и кристален шеќер.
  • Матејќи, додавајте ги и жолчките една по една.
  • Потоа, додајте брашно и рендана кора од мандарини, па сето тоа внимателно измешајте го со лажица или шпатула.
  • Смесата сипете ја во калап за торти или во тркалезен плех со големина од 22 сантиметри, па печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 20-25 минути.
  • Кога кората ќе се олади, извадете ја од калапот и пресечете ја на половина.
  • Во две цели јајца додајте шеќер и густин, па сето тоа измешајте го.
  • Потоа, со мешање постепено додавајте и половина од млекото.
  • Ставете го тенџерето со филот на рингла и мешајте додека се згусне.
  • Загревајте го на средна температура.
  • Кога филот ќе се згусне, мешајте уште неколку минути, па тргнете го од рингла.
  • Ставете кеса или фолија врз филот, па оставете го да се олади.
  • За тоа време излупете ги мандарините, одвојте ги, па карамелизирајте ги во тавче, така што ќе ги посипете со две-три лажици шеќер и ќе мешате додека шеќерот се стопи и додека мандарините се карамелизираат.
  • Во друга чинија изматете маргарин од собна температура со ванилин шеќер, па матејќи, во маргаринот додавајте го оладениот фил лажица по лажица.
  • Изматете го кремот.
  • Корите можете да ги попрскате со млеко или сок, па да ги намачкате со фил, да ги посипете со мандарини и одозгора повторно да ставите еден ред фил, а можете и мандарините едноставно да ги додадете во филот.
  • Ставете ја горната кора и неа премачкајте ја со остатокот од филот.
  • Одозгора можете да посипете малку кокосово брашно и да украсите по желба.
  • Оставете ја тортата да се олади, па уживајте во нејзиниот вкус.
Најкремастата и најслатката чоколадна бисквит-торта: Уживање што се приготвува за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.