Торта со грешка: Зошто овој десерт од 4 состојки е најпопуларен во Италија веќе 100 години!

Рецепт стар еден век!

Интересна приказна и уште поинтересен вкус

Сите сме чуле за магичниот италијански остров Капри, но многумина не знаат за најпознатиот десерт во ова место – тортата или колачот Капрезе.

Станува збор за чоколаден класик што можете да го приготвувате секој ден дома, и тоа од само четири состојки!

Покрај местото каде што настанал, интересен е и начинот како овој десерт бил приготвен првиот пат – со грешка!

Според легендата, готвачот по име Кармин ди Фјоре во 1920 година првпат направил торта Капрезе во една занаетчиска работилница на Капри, и тоа кога му било наредено да направи десерт за тројца Американци.

Кога чул дека станува збор за мафијаши на Ал Капоне, готвачот од страв заборавил во тортата да стави брашно. Тоа, секако, не смеел да го каже, па го послужил десертот таков каков што излегол. И резултатот бил одличен! Неговата „торта со грешка“ станала една од најпознатите ширум Италија.

Погледнете го рецептот за торта Капрезе…

Состојки:
  • 4 јајца
  • 150 г шеќер во прав
  • 150 г црно чоколадо
  • 200 г мелени бадеми
  • 130 г путер
  • шеќер во прав за украсување
Приготвување:

Стопете ги чоколадото и путерот на пареа за да добиете убав крем. Оставете го да се олади. Одвојте ги жолчките од белките, па белките изматете ги во цврст снег со половина од шеќерот во прав. Жолчките изматете ги со остатокот од шеќерот, додајте го стопениот путер со чоколадо, па убаво изматете со послаба брзина. Додајте ги мелените бадеми, па измешајте со лажица, а потоа внимателно измешајте ги изматените белки.

Во добро подмачкан плех или обложен со хартија за печење, сипете ја смесата и печете во рерна претходно загреана на 170 степени, околу 30 минути.

Со чепкалка проверете дали е испечена, но имајте предвид дека основната одлика на деликатната торта Капрезе е тоа што во средината треба да остане влажна и кремаста.

Печената и изладената торта наросете ја со малку шеќер во прав и послужете ја. Највкусна е кога се јаде топла.

Крцкава однадвор, а внатре мека и кремаста – тортата Капрезе сигурно ќе ве освои на прво залче! Иако можеби ви изгледа „тешко“ поради состојките, вкусот е неверојатно лесен и одлично оди со шолја кафе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.