Торта од лешник и од чоколадо

За 4-6 лица

За приготвување на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни 25 минути, а за печење 35 минути. Добар апетит!

Состојки:

125 г путер

80 г фруктоза

120 г мелени лешници

6 жолчки

100 мл слатка павлака

120 г брашно од спелта

2 лажици рогач

1 лажичка прашок за печиво

малку сол

За глазура:

200 г темно чоколадо

4-5 лажици масло

Друго:

печен лешник

Приготвување:

Растопете го путерот, па соединете го со фруктозата во подлабок сад, додајте мелени лешници, жолчки и слатка павлака и добро промешајте со лажица.

Додајте го и брашното помешано со прашок за печиво, мелен рогач и со малку сол. Добро соединете, па излијте ја смесата во калап подмачкан со путер и посипан со брашно.

Печете го колачот на 180 степени, околу 30-40 минути, па извадете го од калапот и оставете го да се излади.

Растопете го чоколадото на пареа со малку масло, поврзете ги добро состојките и прелијте го колачот со добиената глазура.

Украсете со половинки од печени лешници, почекајте глазурата да се стегне, па исечете го колачот на ленти и послужете го.

Текст: Испрати рецепт

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.