Торта Мафија: Највкусниот чоколаден десерт што секому му се допаѓа!

Ќе барате репете!

Сите го обожаваат овој десерт!

Потребни состојки:
  • 15 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици ореви
  • 2 лажици презла
  • 2 лажици какао во прав

За првиот фил

  • 500 милилитри млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 1 маргарин
  • 250 грама шеќер

За вториот фил

  • 15 жолчки
  • 15 лажици шеќер
  • 1 маргарин
  • 100 грама суво грозје
  • 100 грама какао во прав
  • 100 грама суви смокви
  • 300 грама желе бонбони
  • 250 грама мелени бисквити
  • 4 реда стопено чоколадо

За декорација

  • 500 грама шлаг
Приготвување:

Изматете 5 белки во цврст снег, додајте 5 лажици шеќер и ореви, неполна лажица презла и какао и печете 20 минути на 180 степени. Така испечете 3 кори.

За првиот фил, сварете го пудингот во млеко со шеќер, па кога ќе се излади додајте изматен маргарин.

За вториот фил, изматете ги жолчките со шеќер и сварете ги на пареа, па кога ќе се изладат, додајте изматен маргарин, суво грозје, смокви, какао, бисквити, желе и чоколадо.

Филувајте на следниов начин: кора – прв фил – втор фил и повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот. Озгора украсете со изматен шлаг и декорација по желба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.