Тајната на Ана Бекута за совршен домашен сладолед! Со една база ќе направите десетици различни вкусови

Домашен сладолед што ќе го освои целото семејство

Само една кремаста смеса е доволна, а потоа додајте овошје, чоколадо, бисквити или јаткасти плодови и секојпат добивајте нов омилен десерт.

Доколку еднаш ја подготвите оваа универзална база за домашен сладолед, тешко дека повторно ќе посегнете по купечки. Рецептот е едноставен, а резултатот е богат, кремаст десерт кој лесно се прилагодува на секој вкус.

За подготовка ќе ви бидат потребни 500 милилитри слатка павлака, 400 милилитри засладено кондензирано млеко и една лажичка екстракт од ванила. По желба можете да додадете јагоди, малини, боровинки, Нутела, растопено чоколадо, мелени бисквити, „Орео“ бисквити, мелени лешници, ф’стаци или карамел прелив.

Изматете ја добро изладената слатка павлака додека не стане цврста. Додајте ги кондензираното млеко и екстрактот од ванила, а потоа внимателно соединете ги состојките со шпатула за да остане смесата воздушеста и кремаста.

Поделете ја смесата во неколку садови и во секој додајте различни состојки по ваш избор. Оставете го сладоледот да се замрзнува најмалку шест часа, а најдобро преку ноќ. Пред сервирање, оставете го неколку минути на собна температура за да добие уште покремаста текстура.

pexels – domasen sladoled

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе