Султанска кремпита: Турски кремаст ролат само за најдрагите гости!

Божествен вкус

Позната е и како локум-кремпита

Состојки:
  • 250 г лиснато тесто
  • путер за подмачкување на плехот
  • 1 л млеко
  • 200 г шеќер
  • 5 јајца
  • 100 г брашно
  • 150 г путер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 200 мл слатка павлака
Приготвување:

Расукајте го тестото на дебелина од 2мм на површина наросена со малку брашно. Расуканата кора префрлете ја на превртен плех и избодете ја со виљушка. Потоа, премачкајте ја кората со вода со помош на четкичка, па посипете ја со шеќер во прав низ сито. Печете на 210 степени 20 минути, додека не зарумени добро. Извадете ја да се лади на решетката од рерната. Оладената кора издробете ја со раце на ситни парчиња во поголем сад.

Големиот плех добро премачкајте го со путер, па насекаде рамномерно посипете ја издробената кора (протресете го плехот ако треба). Млекото и 100 г шеќер ставете ги да се загреваат, а во меѓувреме изматете јајца, па додајте 100 г шеќер и повторно матете со виљушка. Додајте и брашно, па убаво измешајте во кремаста, еднолична смеса.

Зовриеното млеко постепено додавајте го во смесата со жолчките, мешајќи со лажица за да се соедини убаво. Вратете се’ на рингла и загревајте со непрестајно мешање. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и загревајте уште 2 минути за да се згусне убаво.

Во врелиот фил додајте путер исечкан на коцки, потоа екстракт од ванила (почекајте 30 секунди за да омекне путерот), па промешајте за да се соедини убаво. Издробената кора прелејте ја со направениот фил, па израмнете со нож. Оставете да се лади околу 2 часа на собна температура.

Изматете слатка павлака во цврста смеса, па нанесете ја на оладениот фил. Убаво израмнете, па со загреан нож пресечете 12 ленти во должина.

Секоја лента внимателно завиткајте ја во ролат, со помош на ножот.

Ако виткањето на ролатот никако не ви успева, пресечете ја секоја лента на три еднакви дела, па наредете ги една врз друга за да добиете убави кремасти коцки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.