Студена грилувана лубеница

Освежително, сочно и слатко

Совршен десерт за две лица

Десертите на база на сезонско овошје ќе внесат радост во жешките денови. Не само што ќе ве освежат туку и ќе уживате во нивното приготвување.

Состојки: 1 помала слатка лубеница (плоча со дебелина од 2 см исечена од средината, а потоа пресечена на четвртинки во форма на триаголници, и остатокот од лубеницата исчистен од семките и исечен на коцки), ½ шолја кокосово млеко, неколку гранчиња нане

Приготвување:

Ставете ја лубеницата исечена на коцки во блендер сосе кокосовото млеко и добро изблендирајте. Префрлете во чинија и оставете да се стегне во замрзнувач во текот на ноќта.

Врз подмачкана грил-тава или скара изгрилувајте ги триаголниците лубеница додека добијат темни линии (околу 2-3 минути од секоја страна). Внимателно тргнете ги од огнот и оставете ги да се изладат.

Во чинија ставете по две парчиња лубеница, врз нив со лажица сипете од стегнатото сорбе и украсете со гранчиња нане.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.