Старински колач со вишни: Незаборавен вкус кој веднаш ќе ве врати во детството!

Засладете се

Рецепт за едноставен но совршен десерт

Состојки:
  • 3 поголеми јајца
  • 150 мл масло
  • 400 мл млеко
  • 1 прашок за печиво
  • 200 г шеќер
  • 400 г брашно
  • 400 г гриз
  • домашни вишни или од компот
  • шеќер во прав, по желба
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  • Обложете плех или калап за печење со намрсена хартија или намрсете го и набрашнете го.
  • Во среден сад измешајте ги сите суви состојки.
  • Потоа, во друг, поголем сад, измешајте ги сите влажни состојки.
  • Најпрво изматете ги јајцата, а потоа додајте ги сите преостанати влажни состојки.
  • Сувите состојки внимателно додајте ги во влажните.
  • Добро промешајте и соединете ги во една еднолична смеса.
  • Сипете ја смесата во претходно приготвениот плех или калап за печење.
  • Печете во рерна околу 5 минути
  • Полека извадете ги од рерна, па на врвот посипете вишни за да не паднат на дното.
  • Потоа, повторно ставете ги во рерна и печете 20-30 минути на 180 степени Целзиусови додека колачот добие златна боја. Колачот е готов кога чепкалката со која ќе го прободете ќе излезе сува.
  • Украсете го десертот со шеќер во прав.
Колач од кокос со чоколадна глазура: Сочен и мек десерт што се топи во уста
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.