Сочни и здрави коцки со крем-сирење

Од кујната на Давор

Пробајте го овој вкусен десерт на нашиот гастро-мајстор

Си го купивте новиот готвач од нашиот гастро-мајстор Давор Панчевски? Неговата нова книга се вика „Dave’s Kitchen: најдоброто од македонската кујна“ и содржи 125 едноставни и вкусни традиционални рецепти, на кои ќе се потсетат повозрасните генерации, а помладите ќе имаат можност да ги научат. Целта на овој готвач е да ги оживее рецептите што потекнуваат од ова поднебје, а кои се по малку заборавени, претставени во модерно издание. Нивната автентичност е задржана, но променети се начинот на комбинирање состојки и сервирањето. Вистинско освежување за вашата трпеза! Додека да си го купите готвачот, пробајте ги овие сочни и здрави коцки со крем-сирење што ги приготви Давор за вас…

Состојки:
  • 200 г мелени ореви, лешници или бадеми
  • 3 лажици какао
  • 1 лажиче стевија
  • 80 г растопен путер
  • 1 лажиче екстракт од ванила

За филот

  • 300 г чоколадо со минимум 80% какао, стопено на пареа
  • 400 г неутрално крем-сирење
  • 1 лажиче екстракт од ванила
Приготвување:

1. Измешајте ги мелените бадеми, ореви или лешници, какаото, стевијата и ванилата.

2. Додајте го и стопениот путер и убаво промешајте.

3. Изматете ги со миксер крем-сирењето, екстрактот од ванила и стопеното изладено чоколадо. Прелејте ја претходно приготвената кора со овој фил.

Добар апетит и забавно готвење!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.