Слатко од смокви: Најдобриот начин да го сочувате ова корисно овошје за во зима

Одлично оди со првото утринско кафе!

Најдовме совршен рецепт за слатко од цели смокви

За смоквите со причина се вели дека се лаксатив од природата. Поради својата исклучителна хранливост и изобилството на влакна, тие се совршениот производ што ја регулира цревната флора. Доколку сакате да ги сочувате за во зима, ви предлагаме да направите слатко по овој рецепт.

Состојки:
  • 2 кг смокви (поситни)
  • 2 кг шеќер
  • 2 дцл вода
  • 1 цел лимон
Приготвување:

Ставете ги шеќерот и водата во подлабоко тенџере, па оставете ги на рингла да се растопат и зовријат. Измијте ги смоквите, отстранете им ги петелките, па секоја смоква прободете ја со чепкалка (за да не ви пукаат при готвењето) и ставете ги во шеќерот и водата. Додајте сок од половина лимон, а остатокот од лимонот исечкајте го и ставете го да се вари со смоквите.

Гответе уште еден час. Протресувајте го тенџерето за да се измешаат смоквите, никако не користете лажица за да ги мешате, бидејќи може да се распаднат. Оставете ги да се оладат до утредента, а потоа префрлете ги во чисти и суви тегли.

Најубавиот џем од смокви се приготвува за само 90 минути: Полн со витамини и минерали
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.