Слатко финале: Кремпита со малини што ќе ве остави без зборови

Засладете се по ручекот

Освежителен десерт од сезонско и јаткасто овошје

Рецептот за оваа кремпита со малини е одличен и за почетници во кујната, а вкусот е незаборавен. На истиот начин кремот можете да го направите и од јагоди или капини.

Состојки:

За кората:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици густин
  • 2 лажици масло
  • 150 мл млеко

За кремот:

  • 4 јајца
  • 1,2 л млеко
  • 250 г шеќер
  • 3 пудинга од малина
  • 3 ванили
  • 2 лажици брашно
  • 15 г желатин
  • 300 г малини

За декорација:

  • 200 мл слатка павлака
  • 150 г маргарин
Приготвување:

Корите:

1. Белките се матат во цврст снег, па постепено се додава шеќер. Потоа се додаваат една по една жолчките и маслото во тенок млаз, со непрекинато мешање со миксер.

2. На крајот се додаваат брашното и густинот, па полека се меша со маталка.

3. Смесата се сипува во подлабок плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека зацрвени. Печената кора напречно се сече наполу, па половинките се попрскуваат со млеко.

Кремот:

1. Во сад се сипува 1 л млеко, се додава 100 г шеќер и се вари додека зоврие.

2. Посебно се матат жолчките со 50 г шеќер, омекнатиот маргарин, малините и ванилиниот шеќер. Се додаваат 200 мл млеко, пудингот од малина и брашното, па се мати.

3. Смесата се сипува во зовриеното млеко, па се продолжува со варење, со непрекинато мешање, додека се згусне.

4. Желатинот се прелева со 4 лажици ладна вода и се меша, па откако ќе набабри се додава во врелиот крем.

5. Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи го остатокот од шеќерот. Снегот со маталка се меша во врелиот фил.

Конечна постапка:

1. Првата кора се враќа во плехот и се премачкува со филот од малини. Се преклопува со другата кора и се остава да се стегне.

2. Оладениот колач се сече на коцки и се декорира со шлаг од слатка павлака.

Извор: Добра храна

Уште вакви слатки десерти ќе најдете во најновиот број на магазинот „Добра храна“!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.