Слаткарски трикови: Научете како да го приготвувате францускиот класик – саварин!

Фантастичен десерт

Саваринот може да изгледа убаво и ако го прелиете со глазура од бело чоколадо

Ова надалеку познато сочно слатко ќе биде празник за вашите сетила – држете се до традиционалниот рецепт и пригответе го колачот со магичен вкус и арома.

Состојки:

За тестото:

  • 2 јајца + 1 жолчка
  • 125 г путер
  • 125 шеќер
  • 125 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • рендана кора од 1 портокал
  • 3 г сув квасец
  • неколку капки ликер од портокал
  • неколку капки екстракт од ванила

За сирупот:

  • 200 г шеќер
  • 400 мл вода
  • рендана кора од 1 портокал
  • 1 стапче цимет
  • неколку капки рум

За филот:

  • 200 мл слатка павлака
  • неколку капки екстракт од лимон

За филот:

  • 300 мл млеко
  • 3 жолчки
  • 90 г шеќер
  • 10 г желатин
  • 300 мл слатка павлака

За декорација:

  • малини
  • боровинки

Приготвување:

1. За приготвување на тестото, путерот се мати со шеќер. Се додаваат едно по едно јајцата и жолчката, со непрекинато мешање. Се ставаат екстрактот од ванила, ренданата кора и ликерот од портокал. Посебно се поврзуваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и квасецот, па тоа се додава во смесата и се меша.

2. Калап за куглоф се премачкува со путер и се набрашнува, па во него се додава смесата. Се пече во загреана рерна на 170°Ц, околу 40 минути.

3. За приготвување на сирупот, во тенџере се поврзуваат водата, шеќерот, ренданата кора од портокал и стапчето цимет, па се вари додека зоврие. Потоа се трга од шпоретот и со врелиот сируп се прелева колачот. Оладениот саварин се попрскува со рум и се премачкува со преостанатиот сируп.

4. За приготвување на филот, желатинот се прелева со ладна вода и се остава да набабри. Жолчките се матат пенесто со шеќерот. Млекото се става во тенџере и се вари додека зоврие. Со врелото млеко се прелева смесата од жолчки и се меша со жица. Се враќа на шпоретот и се загрева до вриење. Се трга од шпоретот, па се додава во желатинот и се меша додека се растопи. Во млаката смеса се додава шлагот од слатката павлака и се мати со миксер.

5. Средината на саваринот се полни со филот и се декорира со малини и со боровинки.

Погледнете ги и следниве варијанти на овој француски десерт и изненадете ги домашните со превкусен саварин!

Чоколаден саварин

Ако сте љубител на чоколадни слатки, овој популарен десерт приспособете го на сопствениот вкус. Откако ќе ја приготвите основната смеса за саварин, ставете ја во подготвениот калап. Слаткарска кеса со тесен врв наполнете со растопено чоколадо и истиснете го преку тестото. Користејќи дрвено стапче, со кружни движења преминете преку тестото – за да се добие мраморен изглед на бисквитот. По печењето, саваринот превртете го наопаку и прелејте го со чоколадна глазура.

Саварин-торта

Израдувајте го своето семејство со торта што се топи под непцата. Декорирајте ја да изгледа што попривлечно за комплетно задоволство. Саваринот испечете го во калап со форма по желба и оставете го да се олади. Прелејте го со сирупот и почекајте бисквитното тесто да ја впие течноста. Потоа пресечете го хоризонтално наполу, па долната кора премачкајте ја со шлаг од слатка павлака и посипете со зрнесто овошје по избор. Преклопете со горната кора и уживајте.

Мини-саварини

Приготовете тигрести саварини – загревајте 75 г путер додека се растопи. Соединете 50 г мелени бадеми, 85 г шеќер во прав, 25 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и 3 белки. Додајте го стопениот путер. Во оладената смеса додајте чоколадни капки. Смесата налејте ја во модли за мини-саварини и испечете. Стопете 60 г црно чоколадо, 60 г слатка павлака и 10 г путер. Отворите на саварините исполнете ги со неколку чоколадни капки, па саварините прелејте ги со глазура.

Извор: Добра храна

Слаткарски трикови што ќе ви овозможат да приготвите божествени вафли
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.