Сладолед што го намалува струкот: Трикот е само во еден додаток!

Вкусно и ефикасно

ФОТО: Shutterstock

Важно е да користите свежи ливчиња, а не сушени

За да се разладите, а притоа и да ослабите, не мора да се откажете од омилениот летен десерт. Се’ што треба да направите е да приготвите домашен сладолед со волшебна состојка, која истовремено ќе ве разлади и истанчи – нането!

Ви предлагаме две највкусни варијанти кои се приготвуваат неверојатно брзо и лесно!

Сладолед од лубеница

Состојки:
  • половина помала лубеница
  • неколку гранчиња нане
Приготвување:

Одвојте го плодот на лубеницата од кората и исечете го на парчиња, па ставете го во блендер. Скинете ливчиња нане, додајте ги во блендер, па изматете ги додека не добиете мазна смеса. Ако е премногу густа, додајте малку вода, па прелејте ја смесата во калапи за сладолед и добро изладете ја во замрзнувач.

Егзотичен сладолед

Состојки:
  • половина ананас
  • 1 краставица
  • 1 јаболко
  • 100 грама свежи листови спанаќ
  • 1 гранче свежо нане
Приготвување:

Иситнете ги сите состојки и ставете ги во блендер. Додајте малку вода ако е потребно, па прелејте ја смесата во калапи за сладолед. Ставете ја смесата во замрзнувач неколку часа.

Уживајте во слаткото освежување што ќе ви помогне да ослабите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.